Publications
Прирачник за процена на влијанието на регулативата врз родовата еднаквост
Publishing date: 13 февруари 2024
Content type: Водич / Прирачник
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Добро владеење , Родова еднаквост
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Овој прирачник е практична алатка за процена на влијанието на регулативата и политиките во централната и локалната владеење и има за цел да го олесни процесот на инкорпорирање на родовата перспектива во одлучувањето. Прирачникот дава основни информации и практични упатства за тоа како да се оцени влијанието на родовата еднаквост врз политиките и донесените одлуки и регулативи. Методологијата и практичните алатки презентирани во овој прирачник може да се применат и на други ранливи групи во општеството, како што се: лицата со попреченост, малцинските групи итн.
Родот и различностите во правосудството, Северна Македонија
Publishing date: 16 ноември 2022
Content type: Извештај
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Родова еднаквост, Владеење на правото
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Публикацијата е базична студија која се занимава со размислувањата за родот и различноста во правосудниот систем преку донесување меѓународна перспектива за националното разбирање на улогата на жените во судството и обезбедувајќи релевантни податоци и анализи од перспектива на родот и различноста (етничка припадност, јазик, попреченост, возраст, социјален статус, религија или верување). Студијата ја рефлектира моменталната ситуација во Северна Македонија и нуди препораки кои би послужиле како солидна основа за идни интервенции засновани на факти и одржливи за изградба на поинклузивен правосуден систем во согласност со решенијата за добри практики истакнати од ОБСЕ/ОДИХР.
Родот и корупцијата- истражувања за Република Северна Македонија
Publishing date: 7 ноември 2022
Content type: Извештај
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Родова еднаквост
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Публикацијата ги вклучува наодите од првото национално истражување за перцепцијата на жените во Северна Македонија и одговори од дискусиите на двете фокус групи со жртви на изнуда на сексуални услуги, спроведени во 2021 година. Некои од одговорите на испитаничките вклучуваат дали жените препознале сексуална изнуда од страна на вработените во јавниот сектор во замена за обезбедување јавна услуга како форма на корупција, дали функционерите од позиција на моќ имаат тенденција да бараат сексуални услуги наместо пари/мито со цел да обезбедат јавна услуга која се должни да ја обезбедат во согласност со законите, исто така дали има сексуална изнуда и во приватниот сектор, како и дали испитаничките би пријавиле сопствено или туѓо искуство со оваа форма на корупција. Наодите од извештајот имаат за цел да поттикнат дебата и на крајот да доведат до криминализација на изнудата на сексуални услуги како чин на корупција во Северна Македонија.
Жени за жени во јавната администрација, Прирачник за менторство
Publishing date: 7 октомври 2022
Content type: Водич / Прирачник
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Родова еднаквост
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Прирачникот за менторство има за цел да го поддржи професионалниот и личниот развој на жените вработени во јавниот сектор преку создавање на концепт за взаемна поддршка, споделување знаења и искуства, како и зајакнување на солидарноста и вмрежувањето меѓу нив. Ги опфаќа потребните клучни техники и алатки за ефективно водење на менторскиот процес помеѓу жените ангажирани во јавната администрација. Публикацијата е изработена во соработка со Министерството за труд и социјална политика во рамките на менторската програма „Жени за жени во јавната администрација“.
Од нормализација до самоцензура – Анализа на онлајн вознемирувањето врз новинарките во Северна Македонија
Publishing date: 28 септември 2022
Content type: Извештај
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Родова еднаквост, Слобода и развој на медиуми
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Анализата има за цел да даде увид во состојбата со онлајн вознемирувањето и нападите врз новинарките во Северна Македонија, како форма на родово базирано насилство, како и идентификување на можни решенија за надминување на проблемот и механизми и ресурси за обезбедување на соодветна заштита и помош.
РОДОВАТА ЕДНАКВОСТ Е ВАЖНА! Прирачник за родова еднаквост и зајакнување на жените наменет за пратениците и собранискиот персонал
Publishing date: 15 октомври 2021
Content type: Водич / Прирачник
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Родова еднаквост
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Прирачникот нуди теоретски преглед на меѓународните заложби на Северна Македонија поврзани со родовата еднаквост, изготвување на родово-сензитивно законодавство и собраниски надзор на родовата еднаквост. Дава практични примери за најдобрите практики од земјата и народните собранија ширум светот за вклучување на родот во собраниските операции. Публикацијата е подготвена од Мисијата на ОБСЕ во соработка со собранискиот персонал за поддршка на пратениците во нивната работа насочена кон промовирање и унапредување на родовата еднаквост.
Родови аспекти на корупцијата со осврт на Република Северна Македонија
Publishing date: 10 март 2021
Content type: Извештај
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Демократизација, Добро владеење , Родова еднаквост
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Овој документ, подготвен од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, е прв обид да се дискутираат врските помеѓу корупцијата и родовата нееднаквост, поврзани со ситуацијата во Северна Македонија. Трудот се однесува на националниот контекст и меѓународните / ОБСЕ заложби во областа на демократско управување и спречување на корупција, родово специфичните форми на корупцијата, корелацијата помеѓу застапеноста на жените во политичкиот живот и нивоата на корупција. Овој документ за дискусија претставува пионерски чекор за отворање дебата, издигнување на оваа тема на повисоко ниво на внимание кај креаторите на политиката, граѓанското општество и пошироката јавност кон признавање, документирање и институционализирање на родовите форми на корупција во националното законодавство и, на крајот, да придонесе за намалување на влијанието на корупцијата врз жените.
Анализа на влијанијата од КОВИД-САРС-19 на родот и различностите
Publishing date: 5 март 2021
Content type: Извештај
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Родова еднаквост, Владеење на правото
Publisher: Организацијата за безбедност и соработка во Европа
Анализата го истражува мултидимензионалниот пристап и сложеноста на мерките воведени за време на пандемијата врз родот и различностите во Северна Македонија. Првото поглавје дава преглед на родовата анализа на мерките донесени од Владата од перспектива на човековите права, додека втората глава се фокусира на учеството на жените и мажите на пазарот на трудот, насилството врз жените, учеството на жените и мажите при донесување одлуки во одговорот на предизвиците од КОВИД-19, итн. Третото поглавје го претставува и анализира родовиот јаз создаден со одговорот кон КОВИД-19, додека последното поглавје вклучува предлози за мерки што треба да се преземат во периодот по КОВИД-19. Анализата е развиена од Мисијата на ОБСЕ во Скопје во партнерство со Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП) и НВО Радар, Полио Плус, Рурална коалиција и Националната мрежа против насилството врз жените и семејно насилство.